Top Sport

Зидан: Има ли подобар потег оваа сезона од петицата на Бензема? (видео)

Зинедин Зидан смета дека фантастичната асистенција на Карим Бензема со петица до Касемиро за 1:0 победа кај Еспањол е еден од најдобрите потези оваа сезона.

Бензема со ударот со петица го „уништи“ дефанзивецот на Еспањол, Бернардо Еспиноза, а Касемиро потоа едноставно ја смести топката во мрежата за победа со која Реал се врати на првото место на табелата со два поени пред Барса. Зидан беше воодушевен.

„Тоа не ме изненадува бидејќи знам дека Карим е фудбалер кој измислува работи. А, покрај тоа, тука е сигурен Касемиро. Ова е најдобриот потег оваа сезона“, вели Зидан.

Самиот Бензема не сакаше да придава толку важност на неговиот потег, туку објасни дека гледал како се развива нападот.

„Не беше лошо, но најважен беше голот потоа. Касемиро никогаш не греши и затоа сме среќни. Така го гледам фудбалот, а знаев дека Касемиро е тука“, вели Бензема.

Голот веднаш беше спореден со тој на Гути, кој славно му асистираше на Бензема за магичен гол против Депортиво Ла Коруња во 2010. 43-годишниот Гути се вклучи во дискусијата.

„Магија, пријателу! Брутално“, напиша Гути.

Бензема и Касемиро со „магија“, Реал победи во Барселона (видео)

Scroll to Top