Андреа Тринкијери побарал раскинување на договорот со КК Партизан и е главен кандидат да стане нов тренер на Фенербахче, каде што би го заменил Жељко Обрадовиќ, јавуваат српските медиуми.
Италијанскиот стручњак е на чело на Партизан од 2018 година, откако претходно работеше во Канту, УНИКС, Бамберг и беше селектор на Грција. Претседателот на Партизан, Остоја Мијајловиќ вчера изјави дека продолжуваат преговорите со Тринкијери, но „Спорт клуб“ тврди дека тие му понудиле помала годишна плата од сегашната (550.000 евра) и не му гарантирале буџет за новата сезона.
Сега, се верува дека Тринкијери е втор фаворит за местото во Фенербахче зад Литванецот Шарунас Јасикевичиус, но и дека има понуда од Баерн Минхен. Фенер се без тренер откако Обрадовиќ реши да се повлече од позицијата и да паузира една година од тренерската работа.