Top Sport

Сетиен: Има несогласувања, но ние сме тим

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен ги отфрла сè погласните шпекулации дека постои бунт на неговите фудбалери, кој ескалирал по 2:2 ремито со Селта Виго и посочува дека не се плаши од отказ.

Барселона заостанува два поени зад Реал Мадрид на шест кола пред крајот на Ла лига, и ги очекува тежок дуел со Атлетико Мадрид во вторник, каде што мораат да триумфираат за да го заддржат темпото. Шпанските медиуми тврдеа дека Сетиен и неговиот помошник Едер Сарабија се во конфликт со главните фудбалери на тимот, предводени од Лео Меси и Жерард Пике, и Сетиен признава дека има „различни мислења“.

„Вистината е дека честопати имаш расправии со фудбалерите, како во секојдневниот живот и тоа не е ништо ново. Јас не бев лесен кога бев фудбалер и го сфаќам тоа совршено. Сега, треба да покажеме дека одиме кон заедничка цел. Не им придавам многу важност на поедините инциденти. Кога не победуваш, сите се обидуваат да предизвикаат мешаница, но така е тоа. Атмосферата во тимот е добра. Вистина е дека не се согласуваме за одредени работи, но нема проблем кој треба да се посочи“, вели 61-годишниот Сетиен.

Сетиен, кој претходно беше тренер на Реал Бетис, признава дека не е навикнат на работа со фудбалери од калибарот на тие на Барселона.

„Признавам дека работата на ова ниво е нова за мене и дека учам. Но, мораме да направиме чекор назад, за доброто на тимот. Не може да се прави што се сака, ова е тим и мора да се однесува така“, вели Сетиен.

Бунт во Барселона против Сетиен и неговиот помошник Сарабија

Scroll to Top