Бенфика остана без тренер откако Бруно Лаге си даде оставка по 2:0 поразот од Маритимо со што разликата од Порто останува на три поени, и се отвара можност да се реализира спектакуларното пристигнување на Маурисио Почетино на „Луж“.
44-годишниот Лаге пристигна во Бенфика на почетокот на 2019 година и имаше договор до 2024 година, и иако го оддржуваше темпото со Порто оваа сезона, по рестартот на шампионатот дојде лошата форма – во шест натпревари тие имаат една победа и дури три порази.
Од Бенфика потврдија дека тренерот на Б-тимот, Луис Филипе Виеира ќе биде преоден тренер на славниот клуб, а португалскиот весник „Рекорд“ минатата недела објави дека тимот е во напреднати преговори со поранешниот тренер на Еспањол, Саутемптон и Тотенхем, Маурисио Почетино.