Италијанскиот гигант Интер го објави својот „постмодерен“ дрес за сезоната 2020/21 со специјална зиг-заг комбинација на црното и синото. Интер детално го објасни дизајнот на дресот.
„Дресот го покажува најдоброто од културата на Милано, вредности и стил преку радикална интерпретација на традиционалните бои на клубот. Инспирирани од работата на миланските дизајнери од 1980-тите, дресот го слави градот со естетика која го симболизира идентитетот на клубот и на луѓето кои го претставуваат“, велат на веб-сајтот на Интер.
Дополнително објаснување даде Скот Мансон, потпретседателот за фудбал на „Најк“.
„Продолжуваме со претставувањето на традиционалниот стил на клубот, овојпат инспирирајќи се од едно од најпознатите дизајнерски движења во Милано. Зиг-заг графиката е дел од постмодерниот дизајн и исто така потсетува на ’бишоне’, змијата која е на грбот на градот Милано“, вели Мансон.
? | SHIRT
Our city. Our dream. Our future. Made to break barriers.#MadeOfMilano #Nike #FirstKit pic.twitter.com/FYpwUpiHwJ
— Inter (@Inter_en) June 30, 2020
? | TRIBAL POP
Un tributo alla città di Milano, una maglia che prende ispirazione dal movimento artistico degli anni ’80.
Ecco la nuova divisa Home ?#MadeOfMilano #Nike #FirstKit pic.twitter.com/hAcCL6PZBu
— Inter (@Inter) June 30, 2020