Талентираниот дефанзивец на Барселона, Марк Журадо преку социјалните мрежи се збогуваше со фановите на каталонскиот гигант пред најавениот трансфер во Манчестер јунајтед.
16-годишниот дефанзивец последните девет години е дел од сите младински тимови на Барса преку славната „Ла масија“, но одби да го продолжи договорот ова лето и се верува дека ќе заврши на „Олд Трафорд“ а минимални 1.5 милиони евра.
„Никогаш не е лесно да си заминеш од тим кој ти дал сè. Барселона е мојот втор дом, моето второ семејство, место каде што се развивав како фудбалер и личност. Денеска е време за збогување, но прво треба да се заблагодарам на сите кои ми помогнаа од времето кога почнав во 2011 година. Започнав како дете кое сака да трча по топка, а девет години подоцна си заминувам од моите пријатели“, вели Журадо.
Тој беше постојан во Кадет А тимот на Барселона оваа сезона и се очекуваше следната година да биде во Јувенил Б тимот. Тој е еден од низата членови на „Ла масија“ кои заминаа во последните години и засега само Ансу Фати и Рики Пуиг добија шанса да влезат во првиот тим на „Ноу Камп“.
Талентот Журадо одби договор со Барса, заминува на „Олд Трафорд“