Top Sport

Првиот црн човек во Ф1 болид во одбрана на Еклстоун

По контроверзите кои ги предизвика Берни Еклстоун со коментарите дека понекогаш црните луѓе се поголеми расисти од белците и осудите кои стигнаа од Ф1 и од Луис Хамилтон, се јави пензионираниот американски тркач Вили Т. Рибс, првиот црн човек кој тестираше Формула 1 болид.

Иако Луис Хамилтон е првиот црн возач во Формула 1, Рибс беше првиот кој доби шанса да влезе во Формула 1 во 1986 година кога тестираше за тимот на Еклстоун, Бребем.

„Берни сакаше јас да влезам во болидот, сакаше да бидам во Формула 1. Неговиот спонзори тогаш беа италијански и сакаа италијански возачи, така што не добив шанса, но немам проблем со тоа. Целта беше да се биде во Формула 1, а Берни Еклстоун смее да дава такви коментари бидејќи тој го постави првиот црн човек во Ф1 болид. Само почит за него“, вели Рибс.

65-годишниот Рибс, сепак, не успеа да направи Формула 1 кариера и подоцна учествуваше во НАСКАР и во Инди кар сериите.

Еклстоун се брани: Не сум крив што сум белец!

Scroll to Top