Грчкиот кошаркарски клуб, Олимпијакос одлучи да ослободи од обврските четири американски кошаркари, во ист ден.
Тоа е уште една потврда дека идната европска сезона ќе биде поинаква поради корона-кризата, па поради тоа сите клубови ги скратуваат буџетите.
Олимпијакос официјално го напуштија бековите Двајт Бајкс и Брендон Пол, плејмејкерот Вејд Болдвин и центарот Итан Хап, кој баш и не се изнаигра во клубот од Атина.
Неофицијално, тоа не е крај, кога станува збор за отпуштањата. Клубот од Пиреја планира да го ослободи од обврските и крилниот центар Огустин Рубит.
Пред тоа, Атина ја напушти и српскиот интернационалец Никола Милутинов, кој се пресели во ЦСКА Москва.
Познато е и едно засилување – Џарлс Џенкинс.