Тренерот на Милан, Стефано Пиоли денеска најави дека Златан Ибрахимовиќ (38) е подготвен за враќање во екипата откако поради повреда на мускулот ги пропушти двете првенствени и куп мечот по продолжувањето на сезоната во Италија.
Ибрахимовиќ се повреди на еден тренинг, а сомнежите беа дека повредата може да е од посериозна природа.
Милан утре му гостува на СПАЛ, а Пиоли го најави шведскиот интернационалец во составот.
„Ибрахимовиќ е добро. Тој е лав, секогаш е гладен“ – изјави Пиоли.
Милан славеше против Лече (4-1) и против Рома (2-0) во продолжението од сезоната итака стигна до седмата позиција на табелата.
„Се уште имаме 30 бодови на располагање за да ја оствариме целта. Нашиот сегашен просек од 2 бода по меч е одличен. Се надевам дека тоа ќе го задржиме и ќе биде доволно за пласман во Европа“ – рече Пиоли.