Турскиот фудбалер Ченгиз Ундер се наоѓа пред трансфер во Наполи, тврди „Ла Република“. Според овој извор 22 годишниот напаѓач ги договорил условите со челниците на Наполи.
За да биде реализиран трансферот Рома и Наполи треба да се договорат околу обесштетувањето. Рома барале 30 милиони евра, а Наполи биле подготвени да платат пет милиони помала сума од онаа што ја бараат римјаните.
„Ла Република“ верува дека до крајот на преодниот рок клубовите ќе постигнат договор.
Ченгиз Ундер е член на Рома од 2017 година, одиграл 86 натпревари и постигнал 17 голови.