Поранешниот премиерлигаш и освојувач на ФА купот во 2013 година, Виган атлетик, е официјално во стечај, најмногу поради економските последици од пандемијата на корона вирусот.
Покрај тоа, Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) на второлигашот му додели казна од 12 поени, која ќе важи оваа сезона доколку не се во место кое води во третата лига, а доколку се во зоната за испаѓање казната ќе се имплементира следната година. Виган во моментов се на 14. место со осум поени предност пред Хадерсфилд на 22. место.
„Првата цел е да се осигура клубот да ги комплетира сите натпревари оваа сезона и веднаш да се најдат заинтересирани купувачи на Виган, кои би го спасиле историскиот клуб и би ги сочувале работните места“, вели Џерал Краснер, еден од тројцата стечајни управници на клубот.
Виган е клуб формирам во 1932 година, а под водство на сегашниот белгиски селектор, Роберто Мартинез во 2013 година го освоија ФА купот со шокантна победа над Манчестер сити, и се пласираа на 10. место во ПЛ. Проблемите започнаа откако бизнисменот Дејв Вилан, кој 23 години беше сопственик на клубот го продаде на компанијата ИЕЦ во 2018 година. Овој месец, клубот повторно доби нов сопственик, откако „Некст лидер фанд“, компанијата на хонкгоншкиот бизнисмен Ау Јеунг Ваи Каи го презеде клубот.