Top Sport

Исланд на спектакуларен начин го претстави новиот грб (Видео)

Фудбалскиот сојуз на Исланд со спектакуларно видео го претстави новиот грб. Исланд срцата на фудбалските фанови ги освои во 2016 година на Европското првенство во Франција кога стигна до четврт-финалето. Две години подоцна оваа репрезентација прв пат учествуваше и на едно светско првенство. Во Русија Исланд не успеа да ја мине групата со Хрватска, Аргентина и Нигерија.

На грбот се наоѓаат четирите заштитници на Исланд.

1. бикот Гриндур – заштитник на северо-западниот дел на островот
2. орелот Гамур – заштитник на северо-источниот дел на островот
3. змејот Дреки – заштитник на југо-источниот дел на островот
4. џинот Бергирис – заштитник на југо-западниот дел на островот

Во изработката на ова видео учествувал и голманот на репрезентацијата Ханес Халдорсон, кој по професија е режисер.

Халдорсон неколку пати досега учествувал во режирањето на промотивните видеа на својата репрезентација.

Уживајте.

Scroll to Top