Златан Ибрахимовиќ решил да одигра уште една сезона, а потоа да стави крај на импресивната кариера. Поранешниот шведски репрезентативец летово ќе го напушти Милан и серија А.
Според италијанските новиот тренер на Милан Ралф Рагник планира да го подмлади тимот, а челниците во летниот преоден рок ќе се ослободат од неколkумина играчи чии плати претставуваат голем товар за клубот.
Покрај Ибрахимовиќ клубот ќе го напушти и Џакомо Бонавентура.
Постоеше опција Ибрахимовиќ да се пресели во Болоња кај својот пријател Синиша Михајловиќ, меѓутоа според Италијанците оваа сценарио нема да се случи.
Според новинарот Ди Марцио Златан ќе се врати во Шведска и тоа во Хамарби каде што поседува 30 отсто од акциите на клубот. Планот му бил да одигра една сезона во Хамарби, а потоа да се пензионира.