Манчестер сити има предност од 15 поени на врвот на Премиер лигата, откако во 25. коло од Премиер лигата, откако рутински со 3:0 го победија тимот на Вест Бромвич Албион, додека Манчестер јунајтед покажа малку на „Вембли“ и се врати со 2:0 пораз од Тотенхем.
Тотенхем по само 13 секунди игра дојде во водство преку Данецот Кристијан Ериксен, а дека дебито на Алексис Санчез во дресот на Јунајтед нема да помине најдобро беше јасно по половина час, откако Фил Џонс си постигна автогол. До крајот на мечот, Јунајтед можеби имаше повеќе од поседот на топката, но поопасни шанси во нападот имаа домаќините, кои сега имаат 28 поени на петтото место, само два помалку од Ливерпул и Челси и дури осум пред најголемите ривали Арсенал.
Во Манчестер пак, Сити, кои денеска се откажаа од обидот да го купат Ријад Марез од Лестер, покажаа дека имаат доволно сила и креативност во нападот, со 2:0 победа над Вест Бром инспирирана од Кевин де Бројне.
Белгиецот прво во 19. минута му асистираше на Фернандињо за водство од 1:0, за во второто полувреме во 68. минута да го удвои водството, пред Серхио Агуеро во 89. минута да осигура нов триумф на „граѓаните“ .
ПРЕМИЕР ЛИГА, 25.КОЛО
Манчестер сити – Вест Бромвич Албион 3:0
Тотенхем – Манчестер јунајтед 2:0
Стоук – Ватфорд 0:0