Top Sport

Лацио без центарфор ќе го напаѓа Милан

Лацио во дербито на колото вечерва ќе го пречека Милан на олимпико во Рим. Лацио се бори за шампионската титула со Јувентус во Серија А, во минатото коло славеа кај Торино (1:2), додека Милан во 96 минута извлече 2:2 кај СПАЛ.

Лацио ќе има тежка задача вечерва да го победи Милан бидејќи на располагање нема ниту еден класичен напаѓач. Поради жолти картони се суспендирани Чиро Имобиле и Фелипе Каиседо, а Боби Адекање е повреден.

Прашање е како тренерот Симоне Инзаги ќе го реши овој проблем, има две опции „лажна деветка“ да биде Луис Алберто или Хоакин Кореа.

Инзаги покрај со напаѓачите има и големи проблеми со повредените фудбалери, дуелот со Милан ќе го пропуштат Сенад Лулиќ, Адам Марушиќ, Луиз Фелипе и Лукас Леива.

Од друга страна Милан во Рим ќе допатува со комплетниот состав.

Лацио се втори на табелата со 68 бода, четири помалку од Јвентус, додека Милан се на шестото место со 43 бода.

Натпреварот на Олимпико ќе започне во 21:45 часот.

Scroll to Top