Аталанта ја продолжи победничката серија денеска со 1:0 триумф на гости кај Каљари благодарение на голот на Луис Муриел, меѓутоа најголема тема на разговор во Италија беше бизарното поништување на голот на домаќините поради играње со рака.
Џовани Симеоне, синот на тренерот на Атлетико Диего, по само 11 минути постигна гол во петти меч едноподруго откако го совлада Марко Спортиело. Аталанта не протестираа и чекаа на центарот, но судијата реши да побара ВАР снимка, која покажа дека топката минимално го погоди Симеоне во рака, иако не ја смени насоката на топката.
Сепак, според новите правила за играње со рака, секое играње со рака при акција која ќе резултира со гол, значи поништување на голот.