Барселона стигна до 4:1 победа на гостувањето кај Вилјареал со одлично прво полувреме во кое Антоан Гризман и Луис Суарез постигнаа по еден гол, а Лео Меси двапати асистираше за конечно да профункционира нападот на Каталонците. Со трите освоени поени, Реал сега „бега“ четири поени на четири меча до крајот на сезоната во Ла лига.
Торес си постигна автогол уште во третата минута од мечот, но „подморницата“ која игра во одлична форма, преку Жерард Морено во 14. минута успеа да го врати балансот.
Тогаш на сцена стапи Меси, кој прво во 20. минута му асистираше на добриот пријател Суарез, за во 45. минута, да му додаде и на Гризман, кој постигна убав гол од работ на шестнаесетникот. Меси ја стресе мрежата на домаќините во 69. минута, но голот беше поништен поради офсајд, пред во 86. минута, Ансу Фати да ја комплетира победата за враќање на разнишаната самодоверба кај Каталонците.