Top Sport

Матиќ потпишал нов договор со Манчестер Јунајтед

Немања Матиќ потпишал нов договор до Манчестер Јунајтед. Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио објави дека српскиот репрезентативец се обврзал да остане на „Олд Трафорд“ до јуни 2023 година.

Матиќ во Манчестер Јунајтед се пресели од редовите на Челси во 2017 година. Иако подолг период се поврзуваше со неколку клубови одличните партии во вториот дел од сезоната му обезбедија нов договор со „црвените ѓаволи“.

31 годишниот фудбалер кариерата ја започна во Колубара, а потоа играл во Кошице, Витесе, Челси и Бенфика.

Матиќ со Манчестер Јунајтед се уште нема освоено ниту еден трофеј.

Scroll to Top