Кошаркарот на Мајами Хит, Горан Драгиќ (31), ќе го замени повредениот Кевин Лав на Ол стар натпреварот во Лос Анџелес.
Лав на натпреварот Кливленд-Детроит доживеа фрактура на левата рака и го очекува пауза од околу осум недели.
Лав требаше да игра во тимот на својот соиграч од Кливленд, Леброн Џејмс. Крилниот центар во тимот на Леброн ќе го замени бекот на Мајами, Драгиќ.
Драгиќ сезонава има просечни 17 поени, 4,1 скок и 4,8 асистенции по натпревар. Минатиот септември тој ја предводеше Словенија до титулата на европското првенство, каде беше прогласен за најдобар играч.
#HeatCulture Guard @Goran_Dragic has been named by NBA Commissioner Adam Silver to replace injured Cavs Forward #KevinLove on #TeamLeBron in the 2018 #NBAAllStar Game. pic.twitter.com/y4xJLFiP2R
— 2018 NBA All-Star (@NBAAllStar) February 1, 2018