Изминатата ноќ во НБА лигата мина во знакот на драматичната победа на Денвер над Оклахома 127:124 и доминантната партија на српскиот центар Никола Јокиќ.
Гери Херис со звукот на сирената погоди тројка за триумф на Денвер, откако претходно 1,4 секунди исто така со тројка Пол Џорџ го израмни резултатот. Оклахома во „Пепси центар“ успеа да надополни негатива од 20 поени, но не и да направи целосен пресврт.
Јокиќ блескаше кај Деневер со 29 поени, 13 скока, 14 асистенции. Србинот го забележа третиот трипл дабл во сезонава, вкупно деветти во кариерата. Најефикасен кај Денвер беше Џамал Мареј со 33 поени, а херојот Херис постигна 25 поени.
Оклахома ја предводеше Пол Џорџ со сезонски рекорд од 43 поени, а Расел Вестбрук имаше учинок од 20 поени, 9 скока и 21 асистенција.
Денвер со скор 27-25 се наоѓа на осмата позиција во Западната конференција, додека Оклахома е на петтото место (30-22).
Хјустон во дербито на Тексас успеа да слави над Сан Антонио 102:91. Џејмс Харен имаше учинок од 28 поеи и 11 асистенции, а двоен ефект оствари и центарот Клинт Капела (14 поени, 13 скока).
Harden hits his shimmy after icing the game and Pop is not impressed ?? pic.twitter.com/b4RzhehysT
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 2, 2018
Минесота во раната фаза го реши прашањето на победникот против Милвоки, а конечниот резултат беше 108:89. Џими Батлер се истакна со 28 поени, 4 скока и 5 асистенции, четири поени помалку постигна Карл-Ентони Таунс.
Блејк Грифин со победа дебитираше за својот нов клуб Детроит. Пистонс славеа над Мемфис 104:102, благодарение на Ентони Толивер кој во финишот погоди две слободни фрлања и еден шут за три поени.
Грифин го предводеше Детроит со 24 поени, 10 скока и 5 асистенции.
Вашингтон во дерби мечот во Источната конференција славеше над Торонто 122:119.