Легендарната американска тенисерка, Венус Вилијамс има јасен став околу сето она што се случуваше поврзано со Новак Ѓоковиќ и организацијата на „Адрија тур“ на кои се заразија повеќе тенисери. Таа истакна дека е загрижена за деновите кои доаѓаат.
„Среќна сум што засега сите се добро. Има многу што да се научи од се што се случи (се однесува на `Адрија тур`). Светот веќе не е каков што беше до сега. Исплашена сум. Сега сите се исплашени, но време е за храброст“ – напиша Венус на социјалните мрежи.