На аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона не му бил дозволен влез во САД поради навреда на претседателот Доналд Трамп, тврди неговиот адвокат.
Матијас Морла на аргентинското ТВ-шоу „Буенос диас Америка“, објави дека Марадона не можел да добие виза за влез во САД.
„Бев во амбасадата и му порачав на Диего да не зборува за САД бидејќи беше гостин на венецуелската ТВ ‘Телесур’. Второто прашање беше – што мислите за Доналд Трамп. Тој директно кажа ‘Доналд Трамп е чиролита’“, открива Морла.
Чиролита е шпанска навреда која значи кукла или марионета, со значење дека неговите активности се контролиранои од друго место.
Марадона, кој е тренер во тимот од Обединетите Арапски Емритаи, Ал-Фуџаира, сакаше да патува во Мајами на судски случај со поранешната сопруга, Клаудија Вилафане. Аргентинецот ја обвини Вилафане, која му беше сопруга 14 години, дека купила седум луксузни апратмани во Мајами со парите кои му ги украла.
Врските на Марадона со САД секогаш биле „необични“. За време на Светското првенство во САД тој беше исфрлен поради позитивен тест на кокаин, по што изјавуваше дека тие му „наместиле“.