Алесандро Костакурта потврди дека Луиџи ди Бјаџо ќе биде „преоден“ селектор на италијанската репрезентација, додека шефот на Челси, Антонио Конте е кандидат за позицијата.
Коментарите на Костакурта доаѓаат откако Конте во петокот ја изрази лојалноста кон Челси, велејќи дека планира да го испочитува договорот со премиерлигашот. Ди Бјаџо пак, ќе биде селектор на Италија за трите пријателски мечеви против Аргентина, Англија и Саудиска Арабија.
„Работите поминаа добро и разговаравме за приоритетите и програмите. Конте вели дека има 18 месеци на договорот со Челси и ќе ги испочитува? Ќе видиме за тоа. Зборувавме и со Роберто Манчини, но тоа беше случајно. Ди Бјаџо ќе ја преземе функцијата, и ако победи на трите со 4:0 ќе размислиме. Но, неговата главна задача останува со У-21 репрезентацијата“, вели Костакурта, поранешниот дефанзивец на Милан, кој заменик комесар на Италијанската фудбалска федерација, која не успеа да избере претседател.
Италија е без селектор по отпуштањето на Џампјеро Вентура по катастрофата во баражот за пласман на СП во Русија со поразот од Шведска.