Португалскиот фудбалски интернационалец во редовите на Орландо, популарниот Луис Нани за порталот „Players Tribune” ја раскажа својата животна приказна, пред се за детството. Нани е роден во Португалија, но како и поголемиот дел од Португалците, неговото потекло е од Зеленортските острови.
„Приказната почнува во моментите додека гладувавме. Еден ден како дете се уверив дека Бог ме одбрал мене да бидам фудбалер. Живеев со мајка и со 8 браќа и една сестра во куќа која имаше дупки на подот од кои излегуваа глувци и гуштери. Немавме што да јадеме, се боревме за живот“ раскажува Нани.
Гладот не е наивна работа, многу деца секој ден умираат од глад во светот, а Нани објасни како успеал да се извлече од ситуацијата.
„Кој почувствувал глад, до толку устата да ви биде сува, а телото да е толку слабо да не можете ништо да правите, тој знае за што зборувам. Еден ден мојот брат доби идеја, смисли да одиме во богатиот дел на Лисабон и да бараме храна. Пауло знаеше дека ќе имаат вишок храна и ќе ни дадат крекери, супа, леб. Стекнавме и по некој пријател. Им се допаднавме затоа што не крадевме, бевме чесни. Еден ден додека игравме фудбал, Пауло влезе во локална пицерија и побара пица, па луѓето набрзо потоа му донесоа цела пица, само за нас. Бев најсреќната личност на светот. Луѓето ќе помислат дека претерувам, но и ден денес го чувствувам вкусот на таа пица“ – раскажа Нани.