Екипата на Мајорка освои многу важни три бода во борбата за опстанок против екипата на Леванте која е безбедна на средината на табелата во Ла лига.
Мечот заврши со резултат 2-0. Кај домаќините мечот од клупата за резерви го проследи македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски, а кај гостите од Валенсија сите 90 минути ги одигра неговиот колега од селекцијата, Енис Барди.
Првиот гол за Мајорка го постигна Чучо во 40 минута, а печат на победата стави Кубо во 84 минута.
Со овие 3 бода Мајорка се доближи на само три поени од позиција која носи опстанок во елитното друштво (над нив е Алавес), а Леванте е на 12-тата позиција без можност за прогрес на табелата.
Во истиот термин својот меч го одиграа Еибар и Леганес, крајниот резултат беше 0-0.
Двете екипи се се уште во опасност од преселба во понизок ранг, ова особено се однесува за Леганес кој има теоретски шанси и следната сезона да настапува во прва лига.