Top Sport

Ф1 ќе се вози на култната патека во Муџело

Култната Мото ГП патека во Муџело оваа година ќе им биде домаќин на најдобрите возачи во Формула 1. Трката на патеката во Тоскана ќе се вози на 13 септември.

Поради измените во календарите во Мото Гп и Формула 1 оваа година мотоциклистите нема да се трката во Муџело, но ќе има трка во Ф1.

Тимовите од Формула 1 досега само еднаш имале можност официјално да тестираат на оваа патека. Муџело е патека чии сопственик е Ферари и се користи за приватни тестирања.

Трката во Муџело на 13 септември ќе биде 1.000 за славниот италијански тим.

Муџело ќе биде четврта италијанска патека на која ќе се вози трка во Формула 1. Претходно тоа беше случај со Монца, Имола и Пескара.

Покрај трката во Муџело ФИА потврди дека на 27 септември ќе се вози и трката за Големата награда на Русија на патеката во Сочи.

 

Scroll to Top