Кокошков го предложил Радо Трифуновиќ за нов селектор на Словенија
Српскиот кошаркарски тренер Игор Кокошков кој ја предводеше Словенија до златниот медал на Европското првенство, за свој наследник го предложил Радо Трифунивиќ, пренесува весникот „Дневник“.
Поради обврските во Јута Џез, Кокошков нема да може да ја води Словенија во квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во 2019 година. Обврските во НБА лигата се единствената причина поради која Кокошков се повлече од селекторската функција.
Тој смета дека во овој момент не постои подобро решение за негов наследник од Трифуновиќ.
Овој 44-годишен тренер заедно со Јака Лаковиќ и Александар Секулиќ беше дел од стручниот штаб на Кокошков на Евробаскетот.
Медиумите во Словенија тврдат дека одлуката Трифуновиќ да биде нов селектор на кошаркарите е веќе донесена и само се чека неговата официјална промоција.