Првиот кошаркарски клуб од Велика Британија што ќе се натпреварува во некој од европските купови ќе бидат Лондон Лајонс. Тие во сезоната 2020/2021 ќе учествуваат во Лигата на шампионите на ФИБА, објави „Јурохупс“.
Ова значи дека Лондон по прв пат во 21 век ќе се најде на кошаркарската мапа на Европа но не во Еврлогиата што беше долгогодишна желба на првиот човек на ова натпреварување Џорди Бартомеу.
Лавовите од Лондон се основани во 1977 година во Хемел Хемпстед потоа беа во Вотфорд и Милтон Кејнс, а сега нивниот дом е Олимпискиот парк во Лондон.
Новата сопственичка структура вложи во клубот за кој се надеваат дека ќе биде конкурентен во Европа и дека ќе го привлече вниманитето на лондонската публика.