Фудбалерите на Бортнмут го декласираа Лестер со 4:1 и си ги задржаа шансите за опстанок во Премиерлигата. Бортнмут на три кола до крајот на сезоната имаат три бода помалку од Вотфорд и Вест Хем. Лестер од друга страна направија чекор назад во борбата за пласман во Лигата на шампионите.
Лестер одиграа катастрофално второ полувреме во кое влегоа со предност од 1:0. Стрелец на голот во 23 минута беше Џејми Варди.
„Лисиците“ потонаа во смо две минути во второто полувреме. Најпрвин во 65 минута Станислас израмни од пенал, а две минути подоцна Соланке погоди за 2:1. Во тој момент Сојунџу доби црвен картон бидејќи го удри противничкиот играч кој сакаше да ја извади топката од мрежата.
До крајот на мечот Еванс си постигна авто-гол, а конечниот резултат го постави Соланке во 83 минута.