Фудбалерите на Кадиз изборија враќање во најдобрата шпанска лига по цели 14 години. Две кола пред крајот на Сегунда, го осигураа едно од двете места кои директно водат кон Ла Лига.
Иако во саботата загубија на свој терен од Фуенлабрада, на Кадиз му одеше од рака неделниот домашен пораз на третопласираниот Реал Сарагоса кој загуби од Овиедо со 2-4. Така Кадиз на 2 кола до крај со е со недостижни 7 бода пред Сарагоса, додека четвртата Алмерија и 9бода помалку и меч повеќе.
Кадиз беше постојан член во најсилната шпанска лига од 1985 до 1993 година, а во последните 27 години, само во сезоната 2005/2006 беше дел од најквалитетното друштво.