Top Sport

Давидовски победи на виртуелната трка во Золдер

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски победи на виртуелната трка во ТЦР Европа. Трката се возеше на патеката Золдер во Белгија.

Давидовски забележа победа на втората трка која виртуелно се возеше во Золдер. Тој триумфираше пред Жил Магнус и Лука Филипини.

Првата трка му припадна на Унгарецот Даниел Наѓи.

Најдобрите возачи во ТЦР Европа сезоната ќе ја започнат кон крајот на август. Во периодот од 21 до 23 август ќе возат во Франција.

Scroll to Top