Се одржа „Адрија тур“ тенискиоттурнир во Белград, започна исто такво хуманитарно натпреварување минатиот месец и во Задар, но штом се стигна до финалето, турнирот беше откажан.
Причина, бугарскиот тенисер Григор Димитров. Тој објави дека е позитивен на коронавирусот.
Веднаш започнаа критиките, пред се на сметка на Новак Ѓоковиќ кој беше организатор на турнирите. И самиот Новак, но и неговата сопруга и тренерот Горан Иванишевиќ беа меѓу заразените. Освен нив позитивен на вирусот стана и хрватскиот тенисер, Борна Чориќ и неговиот српски колега, Виктор Троицки.
По речиси еден месец од откажувањето на турнирот, првпат на јавноста и се обрати Григор Димитров. Откри позитивни вести.
„Штотуку добив сјајни вести од докторот од Монако, кој потврди дека сум негативен на Ковид 19. Им благодарам на сите за поддршката изминатите недели додека бев во карантин. Се радувам што набрзо се враќам на треннг и ќе бидам подготвен за американската турнеја на тврда подлога“ напиша Димитров на друштвените мрежи.
Тој потврди дека му се враќа на тенисот на средината на август кога ќе стартуваат АТП турнирите во Вашингтон и Синсинати.