Top Sport

Кербер исплашена: Можеби нема да играме тенис во наредните две години

Поранешниот прв светски рекет во женска конкуренција, Германката Анжелик Кербер не е сигурна дали ќе настапи на САД опен кој според организаторите би требало да започне на 31 август. Големиот број заболени со Ковид 19 во Њујорк и општо во САД ја компликува ситуацијата, но од организацијата велат дека се оди по планот.

„Искрено, не можам да замислам. Мислам дека никој не сака да влезе во авион и да полета кон Њујорк. Во овој момент никој не знае што се случува и што ќе биде во иднина“ – вели Кербер.

ВТА турнирите продолжуваат на 3 август, апрвото натпреварување ќе биде во Палермо. Потоа следува турнејата во САД за која Кербер смета дека е под знак прашање.

„Кој знае, можеби нема да играме тенис во наредните две години. Тешко е да се каже, можеби ќе почнеме повторно за 3 недели“ – додава германската тенисерка.

Кербер (32) на САД опен триумфираше во 2016 година, а моментно е на 21. позиција на ВТА ранг листата.

Scroll to Top