Себастијан Фетел наредната сезона би можел да вози за Рејсинг Поинт. Германските медиуми тврдат дека четири кратниот светски првак и започнал преговорите со тимот чии сопственик е Канаѓанецот Лоренс Строл.
Рејсинг Поинт од наредната сезона ќе го носи името Атон Мартин. Тимот ќе има големи амбиции, а за остварување на истите ќе им треба квалитетен возач. Синот на сопственикот Строл, Ленс, има загарантирано место. Во овој тим вози и Серхио Перез, но како стојат работите на неговото место ќе дојде Фетел.
Јасно е дека Фетел нема премногу опции доколу сака да остане во Формула 1. Ред Бул му ги затворија вратите за можно враќање, Рено го донесоа Ферандо Алонсо, а Мерцедес покрај Луис Хамилтон го имаат Валтери Ботас со кого го продолжија договорот.
Иако шефот на Рејсин Поинт Отмар Шауфнер неодамна негираше дека е можен трансферот на Фетел бидејќи Перез и Строл имаат цврсти договори германските медиуми го тврдат спротивното.
Според нив во договорот на Перез постои клаузула според која тој може да биде отпуштен и пред 2022 година до кога важи неговиот договор.