Лидерот во Чемпионшип дивизијата, Лидс Јунајтед уште вечерва се промовира во нов премиерлигаш за идната сезона откако предмалку ВБА загуби со 2-1 на гостувањето кај Хадерсфилд.
Со тоа на две кола до крајот, екипата во која со успех настапува македонскиот фудбалски репрезентативец, Езџан Алиоски обезбеди пласман во ПЛ за идната сезона.
ВБА на кого му останува уште едно коло до крајот е на -5 од Лидс, а Брентфор е на -6 од „белите“.
Алиоски на Инстаграм објави фотографија под која пишува: „Белите одат горе!“.
Лидс Јунајтед повторно ќе биде дел од најквалитетното друштво по пауза од 16 години.