Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ по синоќешната „петарда“ што неговиот тим ја доживеа на „Сан Сиро“ беше лут на своите играчи.
„Кога ќе загубите 5-1, замолчете, засрамете се и извинете се, прифатете ги критиките и бидете засрамени. Ако моите играчи имаат чувство на достоинство, ќе го сторат тоа. Ова не беше натпревар, туку улица во еден правец, сега треба да одлучиме сакаме ли следната сезона да одиме во Европа или само да се задоволиме со безбедна зона на средина на табелата“ – смета Михајловиќ.
Србинот на сите им подели и лекција која ја научил кога дознал дека боледува од леукемија.
„Како во животот, кога се оди добро, тогаш не застанувајте и не мислете зошто така се случува. Кога се случуваат лоши работи, тогаш застанувате и се обидувате да го извлечете она што е позитивно во ситуацијата“ смета тој.
Инаку синоќешниот меч беше повод да се сретнат старите пријатели, Михајловиќ и Ибрахимовиќ, а популарниот Ибра на Твитер објави фотографија со силна порака: „Само љубов“.