Хрватскиот тренер Славен Билиќ ја прифати одговорноста за новиот пораз на Вест Хем. „Чеканите“ на отворањето на 9.коло во Премиер лигата, загубија од Брајтон (0:3).
„Тешко е да се каже нешто паметно во овој момент. Ја преземам одговорноста за овој резултат, не сакам да се кријам. Ситуацијата не е добра и сега управата ќе треба да го направи она што мисли дека е потребно. Јас сум борец, но тие треба да одлучат“, рекол Билиќ и дополнил.
„Секако дека сум разочаран. Не сакам јавно да ги прозивам играчите, но ова денес навистина не беше добро. Им се извинувам на навивачите“.