Екипата на Интер на „Олимпико“ во Рим одигра 2-2 со екипата на Рома во претпоследниот натпревар од 34 коло во Серија А.
„Нероазурите“ не успеаја комплетно во намерата да му се доближат на Јувентус на само 3 бода пред утрешниот меч во Торино каде на шампионот му гостува четвртопласираниот тим на табелата, римски Лацио.
А добро тргна мечот за миланскиот клуб. Уште во 15 минута, Де Вриј на асистенција на Алексис Санчез со глава носи водство за 0-1.
Сепак, „волчицата“ во последните моменти од првиот дел со голот на Спинацола израмнува на 1-1.
Во вториот дел двата тима упатија малку удари кон противничките голмани, но Рома направи пресврт.
Мхатаријан заедно со Џеко се најдоа во непосредна близина на Хандановиќ, Босанецот ја тргна ногата, а Ерменецот биеше неодбранливо за 2-1.
Оттогаш до крајот на мечот Конте со неколку замени (Лукаку) се обиде да го освежи нападот, а тоа вроди со плод во 87 минута.
Спинацола направи почетничка грешка во својот шеснаесетник, му избега топката, па го фаулираше противникот, па Интер доби пенал. Лукаку казнениот удар го претвори во гол за реми 2-2.
До крајот немаше промена на резултатот.
По 34 одиграни кола, Рома е на петтата позиција со 58 бода. Зад неа со по 56 се Наполи и Милан.
Интер пак сега е на -5 зад Јувентус, но утре „Старата дама“ го игра мечот од ова коло. На трета позиција е Аталанта со бод помалку од „Нероазурите“.