Top Sport

Филаделфија го освои Супербоул

Екипата на Филаделфија Иглс го освои првиот Супербоул во клупската историја откако во финалето, во Минеаполис славеше над Њу Ингланд Петриотс 41:33.

Филаделфија до четвртата титула во клупската историја, прва уште од далечната 1960 година стигнаа со пресврт, односно по тактичката победа на Даг Педерсон над Бил Беличик и по првата загубена топка на легендарниот Том Брејди во плејофот по 20 натпревари.

Предводени од МВП на финалето Ник Фолс Иглси имаа +12 во првото полувреме, на големиот одмор имаа 22:12, но Петриотс преку Брејди и Гранковски успеаја да направат преврт и во последните девет минути да влезат со предност 33.32.

Потоа Фолс и Ерц ја враќаат предноста кај Филалделфија 38:33, а за Брејди и Њу Ингланд остнаа 141 секунда да ја освојат шестата титула.

Сепак Брејди не успеа да организира акција Грејем успеа да му ја избие топката, а Филалделфија се одлепи на недостижни 41:33.

Натпреварот на кариерата Фолс го заврши со 373 јарди, три тачдаун додавања и едно тачдаун трчање. Фолс во финишот на регуларниот дел доби шанса да ги предводи Иглс поради повредата на првиот квотербек Карсон Венц.

Фолс одлично го следеаа соиграчите: Кори Клемент собра 100 јарди, Нелсон Аголор 84 јарди, Алшон Џефрис 73 јарди и тачдаун и Зек Ерц со 67 јарди и победничкиот тачдаун.

Брејди на спротивната страна беше трагичарот во своето најдобро Супербоул финале. Тој го собори рекордот на финалните мечеви со 505 јарди и фрли три тачдауни без пресечена топка.

Scroll to Top