Играчите во Бундеслигата едногласно го одбраа Роберт Левандовски (Баерн) за најдобар играч сезонава во лигата, но интересно изгледа листата на најголеми разочарувања.
Со дури 30% гласови, „победата“ ја однесе Марио Геце. Човекот кој на Германија и го донесе златниот мундијалски трофеј во 2014 година веќе не е истиот играч. Сезонава имаше само 15 настапи за Борусија Дортмунд, а на повеќето влезе од клупата за резерви.
Втор меѓу „најлошите“ беше новиот голман на Баерн Минхен, кој сезонава го бранеше голот на Шалке 04, Александер Нибел. Нему му припаднаа 11.5% од гласовите.
Во топ 5 меѓу разочарувањата се и екс-ѕвездите во Премиерлигата, Саломон Калу и Фелипе Кутињо.