Кошаркарот на НБА тимот Оклахома Сити Тандер, Стивен Адамс прокоментира како е да се живее во Орландо деновиве пред продолжението на сезоната.
НБА лигата е во прекин од 11 март поради пандемијата на коронавирусот, а ќе продолжи на 31 овој месец во Орландо каде сите играчи се сместени во ист комплекс.
Повеќето од кошаркарските ѕвезди се жалат на условите, но Адамс вели дека работите и не се толку лоши.
„Луѓе, па не сме во Сирија. Не е баш толку тешко. Нешто да разјасниме, живееме во комплекс и гледам дека сите нешто сакаат, имаат некои свои барања, но ништо посебно“ вели Адамс.
Тој денеска полни 27 години и раскажа како планира да го прослави.
„Мислам дека малку ќе играм шах, ќе изедам нешто, е влезам во базен, а можеби малку и ќе учам. Ништо посебно, сосема обичен ден“ – изјави кошаркарскиот центар од Нов Зеланд.