Top Sport

Испаѓањето од Ла Лига носи отказ за тренерот на Леганес

Стигна првата тренерска смена во Шпанија, откако синоќа заврши сезоната во Ла Лига.

Леганес, новиот член на Сегунда му се заблагодари на соработката на 61-годишниот Мексиканец, Хавиер Агире. Тој тимот го презема во ноември, но не успеа да го сочува во елитата.

Синоќа малку фалеше Леганес да се спаси од испаѓање, одиграа дома 2-2 со шампионот Реал Мадрид, но им недостасуваше уште еден гол за во втора лига да ја испратат екипата на Селта Виго.

Шпанска „Марка“ пишува дека нов кормилар на клубор ќе биде Асиер Гарирано.

Засега е сигурно дека 13 фудбалери на Леганес го напуштаа клубот летово затоа што им истекуваат договорите.

Scroll to Top