Лидс Јунајтед, екипата која по цели 16 години повторно се врати во Премиерлигата во моментов е во центарот на вниманието на Островот.
Екипата во која важна алка е и нашиот фудбалски репрезентативец, Езџан Алиоски сега бара засилувања за во елитното друштво, а сопственикот на клубот, Андреа Радрикани вели дека уште од јануари екипата има високи цели.
„Ибрахимовиќ? Ќе биде тешко. Се обидевме да го доведеме во јануари, но тој реши да му се придружи на Милан. Сега мислам дека е предоцна, интензитетот на англискиот фудбал е многу тежок“ – смета газдата на Лидс.
Сепак, тој сега има друга мета, исто така „бомбастична“.
Тоа е Едисон Кавани кој стана слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ.
„Покрај својот квалитет, Кавани може лесно да се адаптира, но за него се уште не сме зборувале со тренерот. Ќе видиме, со оглед на тоа што тој е достапен како слободен играч“ вели Радрикани.