Процесот на опоравување на Новак Ѓоковиќ од повредата на лактот вклучува многу работи – рехабилитација, терапија, фитнес-сесии и најважно од сè, многу повеќе време со сопругата и децата.
12-кратниот гренд слем шампион беше во посета на француската ривиера заедно со својата сопруга Јелена и со дел од пријателите.
„Благодарен сум што можам да ги поделам овие моменти со мојата љубов. Се чувствувам благодарен, благословен и во љубов“, напиша Ѓоковиќ.
Новак и Јелена во септември по вторпат станаа родители, на девојчето Тара, додека денеска е третиот роденден на неговиот син Стефан.
Ѓоковиќ планира да се врати на тенисот на стартот на сезоната 2018, најверојатно на Бризбејн опен, пред Австралискиот опен.