Фудбалерите на Парма забележаа победа во Бреша (2:1) во првиот натпревар одигран во рамките на 36 коло во Серија А.
Против отпишаната Бреша во дресот на Парма блескаше Швеѓанецот со македонски корени Дејан Кулушевски.
Играчот кој од наредната сезона ќе го носи дресот на Јувентус во 59 минута му асистираше на Матео Дармијан кој ја погоди мрежата на Бреша, а потоа во 81 минута постигна брилијантен гол и го постави конечниот резултат.
Единствениот гол за Бреша го постигна Десена во 62 минута.
Бреша наредната сезона ќе игра во Серија Б, додека Парма со овој триумф се искачи на 10 место на табелата.