Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе нема да може да настапи во четврт-финалето од Лигата на шампионите против Аталанта поради повреда на скочниот зглоб, потврди францускиот шампион.
Напаѓачот доби повреда во првото полувреме од финалето на Купот на Франција против Сент-Етјен во петокот и беше учесник на прославата на титулата со патерици.
„Килијан Мбапе беше на прегледи во понеделникот за да се оцени сериозноста на повредата на десниот скочен зглоб и резултатите покажаа дека се работи за повреда на лигаментите. За ваква повреда, процесот на опоравување е околу три недели“, се вели во соопштението на клубот.
Ова значи дека тој нема да игра против Аталанта на 12 август, иако би можел да се врати за време на полуфиналето во Лисабон, ако ПСЖ се квалификуваат.
Point médical – @KMbappe
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) July 27, 2020