Португалските медиуми пишуваат дека напаѓачот на ПСЖ Единсон Кавани ги договорил условите за трансфер во Бенфика, иако до пред само неколку дена се тврдеше дека искусниот фудбалер кариерата ќе ја продолжи во Лидс Јунајтед. Претходно интерес за Кавани покажуваа неколу американски клубови, Бока Јунуорс, Атлетико Мадрид.
Како сега стојат работите Кавани на залезот на кариерата ќе го облече дресот на еден од најпопуларните португалски клубови. Наскоро се очекува клубот да го официјализира трансферот со Уругваецот.
Кавани (33) претходните седум години ги мина во ПСЖ, освоил шест шампионски титули и стана најдобар стрелец во историјата на клубот. Претходни играл за Наполи, Удинезе и Данубио.
За Уругвај одиграл 116 натпревари, постигнал 50 голови.