Реал Мадрид потврдија дека нивниот фудбалер Маријано Дијаз имал позитивен тест на КОВИД-19 и сега се наоѓа во самоизолација во неговиот дом и ќе го пропушти вториот меч од осминафиналето на ЛШ против Манчестер сити.
Тимот на Зинедин Зидан ја освои титулата од Ла лига, но сега ги чека тежок предизвик да ја надополнат 2:1 негативата против Сити на гости на „Етихад“ на 7 август. Иако во Велика Британија постои протокол со карантин за влегувања од Шпанија поради корона вирусот, фудбалерите на Реал ќе бидат изземени од потребната 14-дневна изолација при влегување во земјата.
Според Реал, Маријано немал контакт со другите фудбалери и членови на тимот и е единствениот позитивен по тестирањето. Маријано преку Инстаграм потврди дека нема симптоми на болеста.
„Фала Богу, јас сум во совршена состојба, како и сите во моето семејство. Се опоравувам дома и се надевам дека ќе се вратам на нормални тренинзи бргу“, изјави Маријано.
Маријано имаше само седум настапи за „кралевите“ оваа сезона и еден гол, додека од рестартот на лигата во јуни има само три влегувања во игра од клупата.
Parte médico de Mariano.#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (34?) (@realmadrid) July 28, 2020