Напаѓачот на Борусија Дпртмунд Ерлинг Халанд рекол дека планира да остане во овој клуб до крајот на договорот. Норвежанецот има договор со „милионерите“ до 2024 година.
Халанд во јануари оваа година од Салцбург премина во Дортмунд за 20 милиони евра. Во дресот на Борусија оваа полу-сезона одигра 18 натпревари на кои постигна 16 голови. Во Бундеслигата постигнувал гол на секои 82 минути.
Во сезоната 2019/2020 за Салцбург и Борусија Халанд одиграл 40 натпревари, постигнал 44 голови.
„Имам повеќегодишен договор, до 2024 година, Целта ми е да ја освојам титулта со Борусија и тој успех да го прославам со навивачите. Имаме квалитет да бидеме шампиони, но само тоа не е доволно. Баерн се константни, играат импресивно. Мораме да го продолжиме нашиот развој што го покажавме во вториот дел од сезоната.“, рекол Халанд во интервју за „Билд“.
Борусија Дортмунд последен пат ја освоиле во 2012 година, оттогаш до оваа сезона шампион е Баерн. Сезонава Дортмунд со 13 бодови помалку од Баерн го освоија второто место.