Светската атлетика (ВА, поранешните ИААФ), потврдија дека Руската атлетска федерација ќе биде исфрлена од светската федерација доколку до 15 август не ја платат скапата казна од 6.31 милиони долари.
Руне Андерсен, одговорниот за враќањето на руската федерација во ВА, вели дека добил уверување од рускиот министер за спорт, Олег Матицин дека исплатата ќе биде направена до средината на следниот месец откако беше пробиен првиот краен рок од 1 јули.
Руската федерација е суспендирана од 2015 година поради доказите за систематско допингување, но дел од руските атлетичари можеа да настапуваат под неутрално знаме. Доколку бидат целосно исклучени, овие атлетичари ќе мораат да земат друго државјанство за да се натпреваруваат на светските митинзи.